Еден од најпознатите бразилски, но и светски писатели, Паоло Коелјо, се огласи на Твитер по повод случувањата во Украина и изрази мислење што е различно од мнозинското во западните земји.

Украинската криза е згоден изговор за ширење на русофобијата – напиша Коелјо.

Тој потоа во друг твит порача дека треба да се внимава кога се инсистира на барање колективна одговорност.

Бев во Лавов, Киев, Одеса, Јалта, Чернобил (Украина). Преминав 10.000 километри со воз од Москва до Владивосток (Русија). Да, постои војна, но не ги обвинувајте обичните луѓе – порачува Коелјо.

Ваквите твитови на Коелјо предизвикаа лавина коментари на социјалната мрежа, како позитивни, така и негативни кои искажаа гневни пораки кон писателот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.