Руските златни резерви надминале рекордни 150 милијарди долари

Благодарение на растот на светските цени на овој скапоцен материјал, златните резерви на Русија достигнаа рекордни вредности, соопшти Централната банка на Русија.

Инвестициите во руското злато се зголемиле за 2,2 отсто на 151,9 милијарди долари во ноември, што е највисоко ниво во модерната историја. Претходниот врв беше забележан во октомври на ниво од 148,7 милијарди долари.

Во исто време, физички, резервите на злато се намалуваат втор месец по ред – во ноември тоа било за околу 16 тони, на 2.315 тони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.