Обвинителството во Њујорк поведе истрага за смртта на еден 29-годишен човек, кој починал како последица на изгореници добиени кога полицајци го пукале со електро шок кон него по што се запалил гелот за дезинфекција со кој бил намачкан.

На снимка од надзорна камера може да се види како главата и торзото на човекот пламнуваат во моментот кога тој е погоден од пиштолот за електро шок на полицаецот, но и како тројца полицајци панично бегаат од просторијата наместо да се обидат да му помогнат на запалениот човек.

Инцидентот се случил на на 30 октомври минатата година во полициската станица во Кетскил во Њујорк, каде што починатиот Џејсон Џоунс, бил приведен поради предизвикување проблеми во еден бар.

Од обвинителството соопштија дека сегашното објавување на снимката е со цел да има транспарентност во истрагата, со оглед на тоа пто станува збор за смрт поврзана со можна полициска злоупотреба на сила.

Џоунс бил префрлен во болница, каде што починал на 15 декември, откако месец и половина минал приклучен на респиратор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.