Во Македонија пазарот на сурова нафта нема директно влијание врз малопродажните цени на нафтените деривати кои од почетокот на октомври се движат само во нагорен правец. Од почетокот на месецов дизелот поскапи за дури 12,5 денари по литар и се доближува до рекордната цена од 110 денари по литар регистрирана на средината од јуни.
Според анализите на „Прес24“, а имајќи предвид дека во многу земји дизел горивото се користи и во производствените процеси поради недостаток на гас, заедно со намаленото производство на сурова нафта, изгледите за спуштање на цените се многу мали.
Во комбинација со растот на доларот во однос на еврото а со тоа и на денарот нема да биде изненадување ако зимава дизелот отиде далеку над границата од 120 денари по литар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.