Жестока битка е во тек во градот Угледар во источна Украина кој руските сили се обидуваат да го заземат, соопштија денеска руски и украински претставници, а Киев наведува дека Москва „го преувеличува“ успехот на својата офанзива.
Шефот на руската окупациска администрација во украинската област Доњецк, Денис Пушлин истакна дека „очекува добри вести од Угледар, рударски град кој имал околу 15.000 жители пред руската инвазија“.
Опколувањето и идното ослободување на градот ќе реши некои работи, рече Пушлин, наведувајќи дека победата ќе овозможи промена на односот на силите на фронтот и ќе отвори пат за офанзива кон градовите Покровск и Курахове кои се во северниот дел.
Еден од неговите советници, Ијан Гажин рече дека во тек е „тешка и брутална борба“ и дека руските сили зазеле позиции во југоисточниот и источниот дел на Угледар.
Портпаролот на украинската војска за источната зона, Сергиј Черевати потврди дека е во тек „жестока борба“, но уверил дека Русите се потиснати.
Непријателот се обидува да има успех во тој сектор, но не успева благодарение на напорите на одбраната на Украина, рече Черевати.
Украински официјални претставници оваа недела изјавија дека бројно надмоќната руска војска ги интензивира нападите на истокот посебно околу Угледар, и Бахмут. Бахмут со месеци е цел на Русија, наспроти тешките загуби на нејзините сили.
Руските сили и трупите на приватната паравоена група „Вагнер“ неодамна го зазеле Соледар, град северно од Бахмут.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.