Жена, која била обвинета за организирање проституција доби функција во украинското Министерство за одбрана.

Како што пишуваат украинските медиуми, станува збор за Наталија Куровскаја, која е назначена на функцијата заменик-раководител на секторот за политики за набавки. Како што реагираат медиумите, во 2022 година, таа била обвинета за трговија со луѓе и сексуална експлоатација, што, очигледно, не било пречлки за Куровскаја да добие солидна позиција во државната служба.

Заедно со нејзиниот поранешен сопруг, Куровскаја организирала мрежа за давање сексуални услуги, која работела во Украина, Русија, Казахстан, Белорусија и Европа. Таа беше судена затоа што се обидела да регрутира проститутки за понатамошна продажба на макроа во Мароко.

Украинските медиуми објавуваат дека нејзиниот татко, офицер на Одделот во Черкаси на Воената служба за спроведување на законот, и помогнал да добие функција во Министерството за одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.