На Твитер се шират фотографии од турскиот град Адијаман, еден од најтешко погодените од разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, кој минатиот понеделник го погоди југот на земјата.

На фотографиите се гледаат згради кои ги „изеле“ автомобилите кои биле паркирани до нив. Долниот кат од зградата се урнал како палачинка, а горните катови се спуштиле врз автомобилите.

„ Стаклото на зградата остана недопрено. Излезе дека стаклото е поцврсто од основната структура“, напиша еден корисник на Твитер.

Нестабилноста и несоодветната градба на старите згради доведоа до големи разурнувања во земјотресот. Видеата од градовите во близина на епицентарот покажуваат разорна форма на колапс што некои ја нарекуваат палачинка. Ова се случува кога целата зграда ќе се урне, при што секој кат паѓа еден врз друг, така што изгледа како „палачинки“ на чинија. Шансите за преживување при ваков вид уривање на згради се минимални, пишува Дојче веле.

„ Висококатниците со вакво уништување се веројатно стари и имаат мека конструкција“, вели Мехди Кашани, вонреден професор по градежништво и инженерска сеизмологија на британскиот универзитет во Саутемптон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.