Украинското Министерство за одбрана објави дека руските сили спроведуваат интензивна офанзива врз клучниот град Лиман во областа Доњецк.

Лиман е важен железнички центар и ако Русите успеат да ја преземат контролата таму, блискиот град Славјанск станува поранлив на напади, а украинските војници југоисточно од градот стануваат поизложени на опасностите од опколување.

Од украинската армија соопштуваат дека руските сили нападнале повеќе од 40 градови во источните региони Доњецк и Луганск.

Окупаторите пукаа врз повеќе од 40 градови во Доњецк и Луганск, уништувајќи или оштетувајќи 47 цивилни згради, вклучувајќи 38 куќи и училиште. Пет цивили загинаа, а 12 се ранети во гранатирањето – се вели во соопштението на украинските вооружени сили објавено на фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.