Украинските и руските војници водат жестоки битки во Донбас, во источниот дел на Украина, соопшти денеска украинскиот Генералштаб.

Оттаму информираат за артилериски и тенковски оган врз повеќе населени места, меѓу кои и селата Водјане, Краснохоривка и Марјинка близу градот Авдиивка.

Тврдењата на Киев не можеа да се проверат независно, но, се совпаднаа со извештаи од руски воени блогери, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Позицијата на линијата на фронтот, сепак, останува непроменета.

Силно гранатирање имаше и околу градот Бахмут, како и во областа Купјанск на линијата на фронтот, каде што се наоѓа важен железнички јазол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.