Специјалната операција на руската армија во Украина влезе во својот 273-ти ден.
Украинските сили го гранатираа Доњецк со гранати од калибар на НАТО.
Министерството за одбрана на Русија за првпат демонстрираше употреба на беспилотни летала „Москит“ во Украина. Залихите на оружје во западните земји, вклучително и САД, достигнаа критично ниско ниво поради испораките за Киев.
Во изминатите 24 часа, за време на активните офанзивни операции на Народната милиција на ЛНР, украинските сили претрпеа големи загуби во персонал и воена опрема – соопшти портпаролот на Народната милиција, капетанот Иван Филипоненко.
Според него, убиени се до 55 припадници на украинските сили, а уништени се два тенкови, три оклопни транспортери, четири беспилотни летала и 17 специјални возила.
Нема објаснување или оправдување за претресите во Киевската Печерска Лавра. Тоа е нова форма на неморал на режимот во Киев – изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Таа истакна дека тоа „толку добро се вклопува во логиката на постапките на режимот во Киев што се чини дека сликата не би била целосна без овој дел“.
Ова е уште еден елемент, кој сосема природно припаѓа на апсолутно аморалните, варварски постапки на режимот во Киев – додаде Захарова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.