Повеќе лица се повредени при напад со остар предмет во Вајден ин дер Оберпфалц во германската покраина Баварија.

Очевидци пријавиле во полиција дека жена нападнала повеќе лица со предмет што наликува на меч.

Полицијата соопшти дека жената е уапсена и веќе не претставува опасност за населението.

На местото на настанот излегла и Брза помош, која ги прегледувала повредените.

Засега нема повеќе детали за нападот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.