Шефот на турската вселенска агенција Сердар Хусеин Јилдирим тврди дека постои оружје способно да предизвика земјотреси.

Тој на јавен сообир изјави дека постојат системи за оружје кои работат на принцип на лансирање долги метални столбови од вселената, кои потоа се забиваат длабоко во земјата и предизвикуваат земјотреси:

Не можете да направите ништо во просторот од вселената до Земјата. Особено во земји како нас. Ништо! Дозволете ми да ви дадам пример. Ова го велам затоа што сум ги видел како работат на таков систем на оружје, и тоа е многу едноставно. Ги знаете тие улични столбови, улични светла. Тие се слични на овие столбови, високи околу 8-10 метри. Ги ставаат во сателитот. Извесна количина. А потоа ги таргетираат и ги лансираат на Земјата.

 

Тоа е како колец, остар врв. На пример, не дај Боже, некаде паѓа, сега нема да именуваме сценарио за катастрофа, но штом ќе удри во земјата продира до 5 километри длабоко во земјата. Се случува многу брзо и создава земјотрес со јачина од 7-8 степени по Рихтер. По ударот, се ќе биде уништено. Гледате, нема оружје, нема експлозиви, нема бомби, ништо слично. Но, има таква сила доаѓаат од вселената и немате шанса да го видите, да го спречите или да се браните“, изјави Јилдирим.

Видеото предизвика многу реакции.

Јилдирим, пак, објасни дека неговиот говор бил пред извесно време и никако не е поврзан со трагедијата која се случи на југот на Турција.

Тоа беше природна катастрофа, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.