Украинскиот претседател Володимир Зеленски првпат ja коментираше инвазијата на украинските сили во јужниот руски регион Курск, пет дена по објавувањето на почетокот на офанзивата, јави ДПА.

Во своето вечерно видео обраќање, Зеленски изјави дека врховниот командант на украинските вооружени сили Александар Сирски го информирал за „напредокот на војната на територијата на агресорот“.

Украина докажува дека е способна да обезбеди правда и да изврши притисок врз агресорот“, додаде Зеленски.

Ниту Зеленски, ниту украинската војска не дадоа повеќе детали за моменталната состојба на офанзивата на украинските војници на руска територија.

Русија ја донесе војната во нашата земја и мора да почувствува што направила“, истакна Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.