Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, порача дека Украина треба да се приклучи на ЕУ што е можно поскоро и дека процесот „не смее да трае со години“.
„Скај Њуз“ пишува дека процесот на прием во членство во Унијата вобичаено трае со години, бидејќи земјите мора да исполнат одредени економски и политички критериуми.
Денеска потпишуваме заедничка изјава, која е сигнал за единството на сите гранки на власта и доказ за нашата одлучност да ја постигнеме стратешката цел на Украина – полноправно членство во Европската Унија.
Потпишувањето на оваа изјава треба да значи исто како и потпишувањето на апликацијата за влез на петтиот ден од војната. Ни требаа 115 дена да стигнеме до кандидатурата. Патот до членството не треба да трае со години, децении. Мораме брзо да го надминеме тој пат.
Во која мера е тоа можно зависи од нас. Мораме совршено да го направиме својот дел за да им овозможиме на нашите пријатели во Европската унија да донесат уште една историска одлука за нас исто толку брзо, на консолидиран начин – напиша Зеленски во Телеграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.