Светот мора одлучно да одговори на сите руски обиди да го прекине украинскиот коридор за извоз на жито“, рече претседателот Володимир Зеленски.
Една од глобалните последици од руската војна против Украина е недостигот на храна и зголемувањето на трошоците за живот во многу земји, а договорот, постигнат со посредство на ОН и Турција на 22 јули, овозможи безбедно поминување на бродовите што превезуваат жито.
Русија се повлече од договорот изминатиот викенд, велејќи дека не може да ја гарантира безбедноста на цивилните бродови поради нападите врз нејзината црноморска флота. Во своето ноќно видео обраќање, Зеленски рече дека бродовите сè уште ги напуштаат украинските пристаништа со товар благодарение на работата на Турција и ОН.
Потребна е сигурна и долгорочна одбрана за коридорот за извоз на жито“, рече Зеленски. „Русија мора да биде јасно свесна дека ќе добие остар одговор од светот на какви било чекори што би го попречиле нашиот извоз на храна“, додаде Зеленски.
„Овде очигледно се загрозени животите на десетици милиони луѓе“, истакна украинскиот претседател. Договорот за жито имаше за цел да помогне да се спречи гладот во посиромашните земји со ставање повеќе пченица, сончогледово масло и ѓубрива на светските пазари и да се ублажи наглиот пораст на цените.
Координаторот на ОН за извоз на жито и ѓубрива според договорот твитна дека очекува натоварените бродови да ги напуштат украинските пристаништа во четврток.
Украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков на Твитер објави дека осум бродови се очекува да поминат низ коридорот во четврток,пренесе Индекс.хр.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.