Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара од романските пратеници да го зајакнат притисокот со санкциите врз Русија, предупредувајќи дека таа претставува закана за цела Источна Европа и регионот на Црното Море.

Обраќајќи се пред Парламентот во Букурешт преку видео врска, Зеленски истакна дека на Украина и е потребна дополнителна поддршка од странските сојузници, вклучително и оружје, за да им се спротивстави на руските сили.

Украина не е последната мета на руската агресија. Судбината на Источна Европа и регионот на Црното Море во моментов се решава во Украина – нагласи Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.