Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата во Мариупол е многу тешка.

Нашите војници се блокирани, повредените се блокирани. Хуманитарна криза е … Сепак, момчињата се бранат – изјави Зеленски за „Украинска правда“.

Тој рече дека разговарал со лидерите на Обединетото Кралство и Шведска за тоа како најдобро да им се помогне на оние што го бранат Мариупол и десетиците илјади цивили заробени во опколениот град.
Украинскиот претседател смета дека судбината на Мариупол може да се реши или со борби или со дипломатија, пренесуваат странските агенции.

Или нашите партнери веднаш ѝ го дадат на Украина целото неопходно тешко оружје за да можеме да го намалиме притисокот на окупаторите врз Мариупол и да ја пробиеме блокадата или тоа ќе го правиме преку преговори, во кои улогата на нашите партнери треба да биде одлучувачка – рече Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.