Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе ја врати украинската контрола над полуостровот Крим со што, како што додаде, ќе се помогне повторно да се воспостави „светскиот ред и закон“.

На меѓународна конференција за Крим, Зеленски изјави дека враќањето на контролата над полуостровот, што во 2014 година на референдум се припои кон Русија, би било „најголем антивоен чекор“.

Сè почна со Крим и ќе заврши со Крим – истакна Зеленски.

На самитот учествуваат претставници на околу 60 земји и меѓународни организации, вклучувајќи околу 40 претседатели и премиери.

Речисите сите учествуваа онлајн, освен полскиот претседател Анджеј Дуда, кој е во посета на Киев.

Дуда побара од светските лидери „да не затвораат очи пред руската агресија“.

Францускиот претседател Емануел Макрон, пак, побара од меѓународната заедница да не покаже ниту „слабост ниту дух на компромис“ кон Русија.

Макрон уште еднаш ја повика Русија да „ги запре непријателствата, да ги повлече силите од целата украинска територија и да избере дипломатија со цел повторно да има мир“.

На украинскиот претседател му порача дека „Франција и Европската Унија, со бројните сојузници и пријатели на Украина, ќе направат сè што е потребно за да ја поддржат нивната борба“.

Украинскиот претседател посочи дека Русија го претворила Крим во „зона на еколошка катастрофа и воена отскочна даска за агресија“ и дека го користела за истрелување 750 крстосувачки ракети кон градови и села.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.