Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека руските сили претрпеле ненадоместливи загуби во инвазијата врз Украина.

Се сеќавате ли како Русија се фалеше дека ќе го освои Киев за 48 часа? Четириесет и осум часа, што траат 48 дена, руската армија претрпе ненадоместливи загуби, поголеми од загубите на СССР за време на десетгодишната војна во Авганистан, истакна Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата.

Рускиот план вклучуваше брзо заземање на Киев, но пропадна откако руските сили претрпеа големи загуби. Според аналитичарите Москва ја потценила силата на украинскиот отпор, но и можностите на украинската армија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.