Украинските сили се подготвуваат за нови напади на истокот на земјата, каде што Русите го засилуваат своето воено присуство, откако претрпеа неуспеси во близина на главниот град Киев, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во рано утринското видео обраќање Зеленски се осврна на движењата на руските војници од Киев и Чернихив, велејќи дека тоа не е повлекување, туку „последица на работата на нашите бранители“.

Тој истакна и дека е забележано акумулација на руски сили насочени кон нови удари врз областа Донбас и дека Украина се подготвува за тоа.

Инаку, Русија неодамна најави дека „радикално ќе ја намали“ својата „воена акција во правец на Киев и Чернихив“ и дека ќе се фокусира само на регионот Донбас, на истокот на земјата.

Зеленски исто така рече дека мировните преговори меѓу Украина и Русија продолжуваат „но засега има само зборови, ништо конкретно“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.