Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија истрелала околу 110 проектили кон Украина во текот на ноќта, во тоа што Киев го опишува како еден од најтешките напади во последно време.
„Денеска Русија употреби речиси секаков вид оружје од својот арсенал. Вкупно околу 110 проектили беа истрелани против Украина, а повеќето од нив беа соборени“, напиша тој на социјалните мрежи.
Во бранот руски напади загинаа најмалку 10 луѓе, а десетици се ранети ширум Украина, соопштија властите.
„Речиси 15 луѓе се повредени. Четворица загинаа“ во централниот регион Дњепропетровск, изјави неговиот гувернер Сергиј Лисак, додека другите локални власти објавија двајца се загинати во Киев, други двајца во Одеса; еден загинат во Харков и еден во Лавов.
Хуманитарниот претставник на ОН за Украина, Дениз Браун го осуди последниот бран руски напади во кои загинаа најмалку десетина луѓе и беа ранети над 70 низ целата земја разурната од војна.
„За украинскиот народ ова е уште еден неприфатлив пример за ужасната реалност со која се соочуваат и која ја направи 2023 година уште една година на огромни страдања“, објави Браун на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.