Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев се сретна со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, со кого разговараше за улогата на Ватикан во постигнувањето мир во Украина.

„Разговаравме за последиците од руската агресија врз Украина, за тековниот воздушен тероризам, за тешката хуманитарна ситуација и за исходите од нашата средба со папата Франциск во Италија во јуни“, напиша Зеленски на Х.

„Посебно се фокусиравме на одлуките на првиот мировен самит и на улогата на Ватикан во воспоставувањето праведен и траен мир за Украина“, додаде Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.