Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека под администрацијата на Доналд Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо.

Секако, со политиката на овој тим кој сега ќе ја води Белата куќа, војната ќе заврши побрзо. Ова е нивниот пристап, нивното ветување за нивното општество и за нив тоа е исто така многу важно“, изјави Зеленски за весникот „Суспилни“.

Зеленски рече дека се развила конструктивна интеракција меѓу него и Трамп и дека украинската страна имала можност јасно да го каже својот став за иднината на светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.