Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека од Мариупол нема ништо, додека Киев апелираше до Москва да дозволи цивилите да се евакуираат од опколениот град.

Таму ништо не остана. Само урнатини,  рече Зеленски во видео обраќањето пред италијанскиот парламент, пренесува Би-Би-Си.

Мариупол, клучна стратешка цел на Москва, со недели издржа на руското бомбардирање. Официјални лица велат дека жителите останале без храна, лекови, струја и вода за пиење.

Како што рече Зеленски, официјални лица од Мариупол рекоа дека руските сили фрлиле две големи бомби врз градот, но не наведоа детали за жртвите или штетата.

Уште еднаш е јасно дека окупаторите не се заинтересирани за Мариупол. Сакаат да го израмнат со земја и да направат пепел од него, велат тие.

Русија негира дека цели на цивили.

Претходно вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук ги повтори повиците за отворање на хуманитарен коридор што ќе им овозможи на цивилите да си заминат.

Таа подоцна рече дека најмалку 100.000 луѓе сакале да заминат, но не можеле.

Украина во понеделникот го отфрли ултиматумот за предавање на градот како услов руските сили да ги пуштат цивилите безбедно да си заминат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.