Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека неговата земја има четири различни ракети за удари длабоко во Руската Федерација
Имаме четири типа домашни ракети, нивните тестови се во тек. Технолошки, ние сме најсилната земја во Европа во развојот на дронови и ракети“, изјави Зеленски
Ваквите изјави на Зеленски доааѓаат кога на светската политичка сцена постои неизвесност околу одлуките и потезите што ќе ги преземе администрацијата на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп.
Според голем број медиуми, за време на политичкиот вакуум, до официјалното стапување на функција на рамп, можно е досегашното раководство на Пентагон да му „остави непријатно наследство на Трамп“ и да и дозволат на Украина да нападне длабоко на руска територија со ракети и дронови испорачани од НАТО што не можат да се користат без сателитска технологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.