Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде интервју за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес што се емитуваше вчера вечер. Зеленски рече дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во разговорите за ставање крај на војната, но на прашањето дали е подготвен да се откаже од кој било дел од Украина за мир, тој рече дека „не е подготвен да се откаже од својата земја“.
Во интервју за Си-Би-Ес Володимир Зеленски исто така рече дека никогаш нема да го признае Крим како руска територија и покрај тоа што полуостровот е анектиран од Русија во 2014 година.
Водителот Пели истакнал дека претседателот Бајден и лидерите на НАТО изразиле бес поради руските злосторства во Буча и го праша Зеленски што треба да направат понатаму, на што тој одговорил: „Тие мора да достават оружје во Украина“.
Зеленски рече дека Украинците го бранат правото на живот.
„Никогаш не мислев дека ова право е толку скапо. Тоа се човечки вредности што Русија не избира што прави и како јас да ги користам моите права. Тоа право ми го даде Бог и моите родители“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател изјави и дека е подготвен да го даде животот за својата земја.
„Не сакам да глумам херој. Го сакам моето семејство. Сакам да живеам уште многу години, но помеѓу бегството и да бидам со мојот народ, секако дека сум подготвен да го дадам животот за мојата земја“, кажа Зеленски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.