Украинскиот претседател Володимир Зеленски „дефинитивно нема да биде дел од делегацијата во преговорите со Русија“.

Тоа го изјави амбасадорката на Украина во САД, Оксана Маркарова.

Таа за „Си-ен-ен“ изјави дека украинскиот претседател останува да ја „брани земјата“, го повика рускиот претседател да ја прекине војната и рече дека Украина ќе испрати делегација на преговорите.

Амбасадорката додаде дека Украина е секогаш подготвена за разговори, но дека не е подготвена да се предаде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.