Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека членството во НАТО е безбедносна гаранција.
На прашање дали Киев е подготвен да се откаже од членството, тој одговори дека неговата земја нема такба амбиција.
Тоа не е амбиција на Украина. Изгубивме 15.000 луѓе. Тоа не е амбиција. Тоа е наш живот. Не се работи за НАТО. Станува збор за иднината на луѓето. Ако зборуваме за НАТО, Европската унија, за привремено окупираните подрачја, зборуваме за нашата независност. Тоа е тоа. Одлучивме што сакаме – изјави Зеленски.
Украинскиот претседател ги коментираше притисоците од некои европски земји, кои бараат Украина да не стане дел од НАТО.
Не можеме да ги затвориме очите и да кажеме дека само Русија не нè сака таму. Тоа не е вистина. Некои земји од ЕУ играат заедно со Русија, што е погрешно – додаде Зеленски.
Тој отфрли каков било национален референдум за членство во НАТО.
Желбата на Украина да биде членка е веќе запишана во уставот на земјата – изјави Зеленски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.