Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека условите што ги постави рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната се „ултиматум“ на кој не може да му се верува.
Верувам дека Путин нема да ја прекине својата воена офанзива дури и ако се исполнат неговите барања за прекин на огнот. Тоа се крајни пораки кои не се разликуваат од пораките од минатото. Ова е истото што го правеше Хитлер, затоа не треба да веруваме во овие пораки“, изјави Зеленски за италијанскиот информативен канал SkiTG24 на маргините на самитот на Г7, што се одржува во италијанското одморалиште Борго Ењачија, пренесува Ројтерс.
Се огласи и украинското Министерство за надворешни работи, кое ги нарече „апсурдни“ термините на Путин и нагласи дека рускиот претседател се обидува да ги измами светските сили и да ги поткопа вистинските мировни напори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.