Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека намерата на републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, да ја заврши војната во Украина преку отстапки може да биде опасна не само за Украина, туку и за позицијата на САД во светот бидејќи, како што изјави, рускиот претседател Владимир Путин нема намера да застане доколку победи во војната.
Зеленски во интервју за Гардијан рече дека е убеден дека Путин нема да застане во Украина и ќе оди понатаму доколку победи во војната.
Зеленски оцени дека евентуалниот договор меѓу Трамп и Путин за завршување на војната во Украина нема да го спречи рускиот претседател и натаму да освојува и дека тоа би значело дека Трамп е губитник, пренесоа украинските медиуми.
-И тогаш Путин ќе продолжи понатаму, сфаќајќи дека САД повеќе не се толку голем играч, а потоа на сцената ќе влезат други авторитарни лидери на други земји. Ова е трета светска војна, рече Зеленски.
Трамп постојано изјавува дека ќе може да ја прекине војната во Украина за неколку дена преку директен контакт со Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.