Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска предупреди дека намалувањето на помошта од САД за Украина би било лош сигнал.

Пасивноста на CАД или недостигот на поддршка би биле лош сигнал. Ова не би било фер кон никого“, рече украинскиот претседател во интервју за германската телевизија Цет Де Еф.

Тој го даде овој коментар во време кога во американскиот Конгрес е блокиран уште еден пакет помош за Украина.

САД се нашиот партнер број еден“, истакна Зеленски.

Откако му обезбеди на Киев оружје во вредност од десетици милијарди долари од почетокот на руската инвазија на Украина, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден остана без средства на крајот на 2023 година.

Американскиот претседател Џо Бајден побара од Конгресот да одобри околу 61 милијарда долари дополнителни средства за Украина, но преговорите со републиканците во врска со прашањето за имиграцијата во САД се во застој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.