Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би сакал американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп да му објасни како точно би ставил крај на војната во Украина за само 24 часа.
Ако Трамп знае како да го заврши војната, нека ни каже денес, изјави Зеленски во интервју за телевизијата Блумберг. – Ако е загрозена независноста на Украина, ако ја изгубиме државата… сакаме да бидеме подготвени за тоа, сакаме да знаеме, рече Зеленски.
Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на изборите во ноември повеќепати изјави дека може да ја заврши војната „во рок од 24 часа“, но не објасни како.
Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со Трамп и неговиот тим и да ги сослуша нивните предлози.
Сакаме да знаеме дали по ноември ќе имаме силна поддршка од САД или ќе бидеме сами, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.