Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „нема сомнеж оти проектилот што ја предизвика експлозијата во Полска не бил украински“, пренесе агенцијата Интерфакс.

Зеленски додаде дека Украина „мора да има пристап“ до местото каде што загинаа двете лица, а четворица беа повредени.

Неговите коментари доаѓаат откако од Полска, САД и НАТО соопштија дека Полска „најверојатно“ била погодена од украинска ракета за против воздушна одбрана, но дека „нема индикации“ дека станува збор за намерен напад.

Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов, изјави дека Киев има докази за „руска трага“ во експлозијата во источна Полска за која Варшава и НАТО велат дека најверојатно била предизвикана од украинска ракета за против воздушна одбрана.

Сепак, полскиот премиер Матеуш Маровјетци, изјави дека „не може да се исклучи дека нападот, на четири милји од украинската граница, бил провокација“.

Не можеме да исклучиме дека гранатирањето во близина на границата е намерна провокација направена со надеж дека таквата ситуација може да ескалира, изјави Моравјецки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.