Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд во Хаг да издаде налог за апсење на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин е историска.
Украинскиот лидер му се заблагодари на тимот на обвинителот Карим Кан, на персоналот на Меѓународниот кривичен суд и на сите кои и помагаат на Украина да се бори за правда.
уште еден руски функционер официјално стана осомничен за воени злосторства.
Депортацијата на украинските деца е нелегално префрлање на илјадници наши деца на руска територија“, рече претседателот на Украина.
Според претседателот, би било невозможно да се изврши таква операција без наредба на највисокото раководство на земјата агресор.
„Одвојување на децата од нивните семејства, лишување од секаква можност да стапат во контакт со нивните роднини, криење деца на територијата на Русија, растурање во далечни региони – сето тоа е очигледна државна политика на Русија, државни одлуки и државно зло што започнува со првите функционери на оваа држава“, нагласи Зеленски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.