Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат влијание врз Русија и дека секоја нивна потерница е ништовна.

Одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат никакви последици за нашата земја, ниту од правен аспект, напиша Захарова на Телеграм.

Таа додаде дека Русија не е членка на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и нема никаква обврска кон тој суд.

Русија не соработува со таа организација и сите потенцијални барања за апсење од страна на меѓународниот суд се ништовни, додаде таа, пренесува ТАСС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.