Претседателот на Украина Володимир Зеленски по потпишувањето на договорот за извоз на украинско жито во Истанбул објави, дека Украина располага со жито во вредност од 10 милијарди долари за продажба.

„Тоа е уште еден показател дека Украина може да ја издржи војната“, рече Зеленски во вечерното обраќање, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека и Украина има шанса да ја продаде сегашната реколта. Наведе и дека по склучувањето на овој, како што оцени, важен договор ќе бидат извезени околу 20 тони од ланската сеидба.

„Можеби ќе има некои провокации од Русија, обиди за дискредитација на украинските и меѓународните напори. Но, ние им веруваме на Обединетите нации“, рече Зеленски.

Русија и Украина, заедно со Турција и ОН, вчера во Истанбул потпишаа договор за обновување на извозот на жито од украинските пристаништа на Црното Море.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.