Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, потпиша закон за промена на датумот на државниот празник Божиќ во Украина од 7 јануари на 25 декември, како дел од напорите за „откажување од руското наследство“.
Според новиот закон, Денот на украинската државност ќе биде поместен од 28 јули на 15 јули, а на 1 октомври наместо на 14 октомври ќе се одбележува Денот на бранителите на Украина и Покров на Пресвета Богородица.
Православната црква на Украина вчера го усвои новиот јулијански календар, а промената ќе стапи во сила на 1 септември.
Тоа значи дека датумот на верските прослави на Божиќ ќе се помести од 7 јануари на 25 декември.
До неодамна, и Православната црква на Украина и украинските гркокатолици го користеа само јулијанскиот календар, кој го користеа Руската православна црква и Украинската православна црква.
Украинскиот народ долго време беше подложен на руската идеологија во речиси сите животни сегменти, па дури и Божиќ се славеше според јулијанскиот календар, се наведува во образложението на одлуката што ја изгласаа пратениците во Државната Рада во средината на јули.
Во текстот се вели и дека „силното заживување на украинската нација продолжува и дека постојаната борба за сопствениот идентитет придонесува за свеста и желбата на секој Украинец да живее во согласност со традицијата и свои празници“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.