Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да покаже јасна поддршка за Украина.

Зеленски во интервју за германската телевизија ЗДФ рече дека Германија не треба да се обидува да ги балансира своите интереси меѓу Украина и односите со Русија.

– Потребно ни е уверување од канцеларот Шолц дека Германија ја поддржува Украина. Тој и неговата влада мора да одлучат, не може да има компромис меѓу Украина и односите со Русија, рече украинскиот претседател.

Германскиот канцелар ја бранеше Германија од обвинувањата дека нема да го испорача оружјето што и го вети на Украина.

Според Шолц, пред да биде испорачано модерно оружје во Киев, украинските војници треба да бидат обучени како да го користат. јт/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.