Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша закон со кој се забранува комерцијален увоз на книги од Русија, дел од серијата чекори насочени кон намалување на обемот на културните врски меѓу двете земји по руската инвазија на Украина.
„Верувам дека овој закон е точен“, напиша Зеленски на апликацијата за пораки Телеграм, објавувајќи дека потпишал закон со кој се забранува комерцијален увоз на книги печатени во Белорусија или на окупирана украинска територија.
Предлог-законот, шпто беше усвоен во Парламентот пред една година, предвидува поднесување барање за посебна дозвола со која ќе се овозможи увоз на книги на руски јазик од трети земји.
Канцеларијата на Зеленски објави на Твитер дека законот „ќе ја зајакне заштитата на украинскиот културен и информативен простор од антиукраинската руска пропаганда“.
Украина има намера да го спроведе како што го нарекува процесот на „дерусификација“ и објаснува дека е неопходно да се стави крај на вековната политика насочена кон уништување на украинскиот идентитет.
Украинскиот министер за култура Олександр Ткаченко му се заблагодари на претседателот за потпишувањето на законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.