Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека во досегашниот тек на воениот конфликт загинале околу 1.300 украински војници.
Претходно, Високиот комесаријат на Обединети нации за човекови права (ОХЦХР) соопшти дека во Украина загинале најмалку 579 цивили.
Канцеларијата на главниот украински обвинител, пак, соопшти дека од почетокот на рускиот напад врз Украина загинале најмалку 79 деца.
Поголемиот број деца жртви се од регионот на Киев, Харков, Доњецк, Суми, Херсон и Житомир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.