Заложничката криза на аеродромот во Хамбург заврши по 18 часа, откако беше уапсен мажот кој ја држеше својата четиригодишна ќерка како заложник.

Полицијата во Хамбург на социјалната мрежа Х објави дека „заложничката криза е завршена. Осомничениот излезе од автомобилот со својата ќерка. Детето изгледа дека не е повредено“.

Полицијата додаде дека мажот бил уапсен без отпор.

Аеродромот во Хамбург е затворен за патници, а летовите се откажани од саботата вечерта кога вооружен маж ја проби капијата на аеродромот со своето возило и испука два истрела во воздух, пренесе ДПА.

Мажот потоа го возел возилото пред зградата на терминалот и го паркирал под авион.

Властите соопштија дека сопругата на мажот претходно ги контактирала за киднапирањето на детето. Психолог преговарал со мажот повеќе од 18 часа.mЗа време на инцидентот нема повредени. Полицијата соопшти дека мажот ја држел својата четиригодишна ќерка во автомобилот, која наводно ја зел од нејзината мајка поради битка за старателство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.