Разговорите беа „директни, отворени и тешки”, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер по денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Иако Австрија генерално одржува поблиски односи со Москва од другите земји од Европската унија, тоа не е случај во последно време.
Нехамер изрази солидарност со Украина поради рускиот напад и ги осуди „очигледните руски злосторства”, додека неговата Влада им се придружи на другите земји од ЕУ во протерувањето на руски дипломати.
Пред состанокот, австрискиот канцелар рече дека целта на разговорите е да се промовира дијалогот меѓу Москва и Киев. Тој во саботата ја посети Украина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.