Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, изјави дека во моментов нема дополнителни закани кон Израел од Иран, што укажува дека ракетниот напад е завршен, јави „Тајмс оф Израел“.

Израелците пред кратко време беа известени дека по еден час можат да ги напуштат засолништата.

За време на одбраната извршивме неколку пресретнувања. Има одредени удари во центарот и областите на југот на земјата. Во оваа фаза, сè уште вршиме проценка на нападот, но немаме информации за евентуални жртви – изјави Хагари.

Ако Иран не планира да лансира нов бараж проектили, вечерашните ракетни напади врз Израел се завршени, јавува Би-Би-Си.

Повторно е отворен и воздушниот простор над земјата.

Вечерва израелската армија објави дека околу 200 балистички ракети се лансирани од Иран кон Израел. Истовремено во Тел Авив се случи и теорристички напад во трговски центар.

Израел се закани дека ќе се одмазди за вечерашниот ирански напад.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.