Градот Перитон, Тексас вчера беше погоден од силно торнадо, при што загинаа најмалку три лица, а околу педесет беа повредени. Од локалната противпожарна служба велат дека торнадото најверојатно уништило околу 200 куќи.

Шефот на противпожарната служба на Перитон, Пол Дачер, изјави за Си-Ен-Ен дека се уште се трага по едно лице. Од трите жртви, двајца загинаа во централното градско подрачје, а третиот во парк за приколки во североисточниот дел, рече Дачер.

Перитон се наоѓа на северот на Тексас, во близина на границата со Оклахома и има околу 8.000 жители. Државата Тексас и околните градови испраќаат помош, а градот исто така е без струја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.