Илјадници луѓе денеска се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан, неколку часа пред зори, да му оддадат почит на папата Бенедикт Шеснаесетти, кој почина во саботата.

Најмалку 25.000 луѓе се очекува да му оддадат почит на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, чие тело ќе биде изложено во отворен ковчег во базиликата Свети Петар во следните три дена, почнувајќи од денеска.

Вратите на базиликата денеска ќе бидат отворени за јавноста од 9 до 19 часот, а во вторник и среда од 7 до 19 часот.

Погребот ќе се изврши на плоштадот Св. Петар во четврток наутро пред почесниот папа да биде погребан во гробот под базиликата, а богослужбата ја предводи папата Франциск.

Бенедикт Шеснаесетти почина во Ватикан на 96-годишна возраст, една деценија откако се пензионираше поради нарушено здравје.

Папата Бенедикт ја водеше Католичката црква помалку од осум години додека, во 2013 година, тој стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј XII во 1415 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.