На Телеграм каналите специјализирани за следење на случувањата во Украина, е објавена анализа за веројатниот план на НАТО и на Украина за распоредување и употреба на западните борбени авиони Ф-16 кога тие ќе им бидат испорачани на украинските сили. Според таквата анализа, Ф-16 авионите ќе бидат активно поддржани од западните авиони за далекуметно извидување и набљудување AВАКС, кои ќе обезбедуваат разузнавачки информации.

Целта е да се има поглед во задниот дел од руската страна на фронтот на 100-150 км, за да биде откриено полетувањето на руските авиони и од безбедно растојание да бидат насочувани ракетите лансирани од Ф-16.

Според украинските аналитичари, очекувањата се дека авионите Ф-16 ќе го бидат опремени со ракети модел AИМ-120Д со опсег на лет над 160 км, а со таквата тактика, Украинците и Западот се надеваат дека тоа ќе ги спречи руските авиони да се приближат до линијата на фронтот на повеќе од 50 километри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.