Некои западни аналитичари не исклучуваат дека украинската влада не ги известува САД за вистинските воени загуби што ги трпи за време на војната со Русија.
Поранешната американска разузнавачка, Бет Санер, ги коментираше таквите претпоставки на експертите, при што истакна дека официјален Вашингтон воопшто нема потврдени податоци за украинските загуби.
Можете ли да најдете личност која со сигурност ќе ви каже колку војници изгуби Украина, колку опрема изгуби Украина – вели Санер за „Њујорк Тајмс“.
Таа објаснува дека властите во Киев испраќаат информации до Вашингтон за своите стратешки цели, но не за плановите за војната. Како резултат на тоа, САД се принудени да бараат информации од други извори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.