Руските сили објавија дека во Мариупол е ликвидиран заменик-командантот на баталјонот „Азов“, за борбена и специјална обука, Виталиј Грицаенко со воено име Гогољ.
Загинувањето на Грицаенко го објавија и украинските медиуми.
Истовремено, министерството за одбрана на Русија, соопшти дека изминатиот ден во Мариупол се предале уште 134 украински војници.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека меѓу нив има 14 офицери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.