Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова на Фејсбук ги сподели своите впечатоци по триумфот на украинскиот бенд Калуша, на изборот за најдобра песна на Евровизија.

Ќе се согласите, без победата на Украина на Евровизија, сликата за тоа што ѝ се случи на оваа земја не би била целосна. Народни носии и музички инструменти, бабарога на жици, брејк денс и извици за Азовстал. Овации од Европа, напиша Захарова.

Заменик-шефот на Северноатлантската алијанса Мирчеа Џоана ѝ честиташе на Украина за победата на Евровизија и оцени дека „убавата песна“ сведочи за храброста на земјата во војната против Русија.

Сакам да и честитам на Украина за победата на Евровизија. Видовме огромна поддршка од јавноста од Европа и Австралија за нивната храброст. Се разбира, песната е исто така убава, изјави Џоана.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.