Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, порача дека Русија е подготвена да размени 630 украински воени заробеници и да преземе организациски мерки за подготовка на следната размена.
Захарова одаде дека Русија е заинтересирана за конструктивен дијалог со Украина за ова прашање.
Захарова на прес-конференција во Москва изјави дека Русија има за цел брзо враќање на воените заробеници во нивните домови, пренесоа руските медиуми.
Таа претходно изјави дека Украина ја користи темата за размена на воени заробеници за да врши притисок врз Русија.
Портпаролката на руското МНР истакна дека официјален Киев, во рамките на размената, ги брише обичните регрути од списоците за размена, вклучително и оние кои доброволно се предале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.